• info@zimad.com.mk Пон-Пет 07:30 - 15:30

ШТО Е ЗИМСЕРТ

Телото за сертификација на производи ЗИМСЕРТ при Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии "Скопје" АД – Скопје е акредитирано од страна на Институтот за акредитација на Р. Македонија (Сертификат за акредитација бр. СТ-012), врз основа на што од страна на Министерството за економија со Решение бр.18 - 443, извршено е именување на тело за оцена и потврда на постојаност на својства на градежни производи.


Акредитираното и именувано сертификационо тело ЗИМСЕРТ спроведува активности за Сертификација на производи за системи на оцена и потврда на постојаност на својства ОППС (AVCP)- 1+ : Цемент и Ѕидарски цемент и Сертификација на процеси за ОППС (AVCP)-2+: Агрегати за бетон, Агрегати за битуменски мешавини и површински обработки за патишта, аеродроми и други сообраќајни површини, Агрегати за неврзани и за хидраулични врзани материјали, кои се користат во градежништвото и во изградбата на патишта, Битуменски мешавини (нехармонизирано подрачје)., и Бетони (нехармонизирано подрачје).,


Со пополнувањето на Пријавата, сертификационото тело ЗИМСЕРТ, Ви ги нуди своите услуги во Подрачје на сертификација(опсег на акредитација на Tело за сертификација на производи ЗИМСЕРТ, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии “Скопје” АД – Скопје бр. СТ - 012), почитувајќи го принципот на подеднаков третман кон сите клиенти/подносители на пријава.


На Клиентите / подносителите на пријава и на сите други заинтересирани страни кои се корисници на услугите на ЗИМСЕРТ, на писмено барање им се ставаат на располагање правилата за сертификација, и останати документи и информации од постапката на сертификација.