• info@zimad.com.mk Пон-Пет 07:30 - 15:30

НАШАТА ИСТОРИЈА

Организацијата е основана под името Завод за испитување на материјали во 1956 год, согласно Решение бр. 170 од 27.02.1956 год. донесено од страна на факултетската управа на Техничкиот факултет при Универзитетот во Скопје. Од тогаш па до денес Заводот делува како институција со самостојно финансирање, чија задача е да извршува научни истражувања од областа на техничко - технолошките науки, да ја координира својата работа со другите институции во земјата и странство, да ги објавува своите научни достигнувања и с

project-slider-image

На 12.11.1968 година со Решение број 11-1038/2 Заводот за испитување на материјали со седиште на улица „Раде Кончар“ бр. 16 во Скопје е запишан во регистарот на научни установи од страна на Републичкиот секретаријат за образование, наука и култура.


Во 1979 година Заводот за испитување на материјали „Скопје“ се усогласува Законот за здружен труд и се регистрира како Завод за испитување на материјали „Скопје“ , а со Одлука број 07-460 од 21.05.1999 година донесена од Универзитетскиот сенат, Заводот се здружи во Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и стана негова рамноправна членка.


Со Решение број 15.6403/2 од 25.12.2006 година донесено од Комисијата за приватизација на Владата на РМ, на Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ Скопје му се дава согласност за отпочнување на трансформација на општествениот капитал во приватен, а врз основа на Одлуката за трансформација на Министерството за економија.


Согласно споменатата Одлука УСКИМ Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ - Скопје, успешно ја заврши трансформацијата и од 31.09.2007 година е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија како Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ А.Д. - Скопје .


Со одлука за измени во организационата структура на друштвото бр.02-541 од 30.04.2012 година „Заводот“ со своите два Института ,(Институт за материјали и Институт за капитални објекти) делува како независна организација која се бави со контрола и надзор на градби, истражувачки и експериментален развој на нови технологии и лабораториски испитувања и анализи.


Со одлука за измени во организационата структура на друштвото од 01.12.2013 год. "Заводот" се пререгистрира во "ЗИМ" Скопје А.Д. - Скопје, Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии "Скопје" А.Д. - Скопје.