• info@zimad.com.mk Пон-Пет 07:30 - 15:30

МИСИЈА

Телото за сертификација ЗИМСЕРТ и неговиот персонал, ќе ги развива и унапредува своите ресурси до највисок степен на професионален интегритет и високо ниво на техничка оспособеност преку примена на принципите на квалитет, непристрасност, независност, објективност и доверливост а во прилог на давање на свој допринос за унапредување на градежништвото и општеството.


ВИЗИЈА

Телото за сертификација ЗИМСЕРТ, како именувано тело има за цел да го зголемува обемот на работење и бројот на сертификациони шеми и да ги промовира вредностите на квалитет, во процесот на оцена и потврда на постојаност на својства на градежни производи, почитувајќи ги законските барања и барањата од техничките спецификации.


ИЗЈАВА ЗА ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ НА ЗИМСЕРТ

Политиката на квалитет на телото за сертификација на производи - ЗИМСЕРТ се темели на исполнувањето на сите барања на стандардот МКС ЕN ISO/IEC 17065:2012 и на сертификационите шеми, одржување и постојано подобрување на квалитетот на услуги при активностите за сертификација, постојано зголемување на целокупното техничко и стручно ниво како и одржување и подобрување на применетиот систем на менаџмент со квалитет.


Основа за спроведување на оваа политика за квалитет ЗИМСЕРТ ја заснова на следните општи цели и определби:

  • континуирано исполнување на барањата од стандардот МКС ЕN ISO/IEC 17065:2012, техничките спецификации и одредбите од законот за градежни производи;
  • континуирано исполнување на барањата од производителите/овластените застапници со заштита на нивните интереси и професионална етика;
  • постојана надообразба, обука и следење на перформансите на персоналот;
  • зголемување на економскиот стандард и мотивација на персоналот;
  • зголемување на задоволство на сите кои имаат интерес за успешноста на работењето на ЗИМСЕРТ;
  • воспоставување на стабилна и долгорочна соработка со добавувачите и партнерите;
  • исполнување на очекувањата за високо ниво на стручност, доверливост, објективност, непристрасност, ефикасност и еднаков ценовник за услугите;
  • давање услуги подеднакво достапни на сите клиенти (производители/овластени застапници) за производите од обемот на акредитација;
  • не условување на производителите/овластените застапници за отпочнување на сертификација според нивната големина или значење, и независност на постапката на сертифицирање од бројот на претходно издадени сертификати;
  • одржување на статус на овластено и именувано тело за вршење на оцена на сообразност на ниво на држава.

Вака поставените општи цели и определби преставуваат основа за раководството на ЗИМСЕРТ да, низ редовно утврдување на мерливите цели и вреднување на нивната реализација, се оценува соодветноста и адекватноста на оваа политика за квалитет. Политиката и целите на квалитет на ЗИМСЕРТ се предмет на постојани проверки и преиспитувања од страна на највисокото раководство,

Сите именувани/одговорни лица за ЗИМСЕРТ се запознаени со барањата на стандардот МКС ISO/IEC 17065:2012, со правилата и постапките за сертификација во граница на нивните одговорности и овластувања. Тоа се потврдува со потпишување на Изјава за прифаќање на правилата за однесување

ЗИМСЕРТ телото за сертификација е непристрасно (non-discriminatory), независно (impartial) и праведно (integrity а неговиот професионален концепт е да го заштити реномето и угледот на матичната организација и да на сите свои корисници на услуги во секое време им биде сигурен и доверлив партнер.