ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ТЕСТИРАЊЕ
Лабораторија за испитување на градежни материјали претставува дефиниран дел на правниот субјект Завод за испитување на материјали и равој на нови технологии „Скопје“ А.Д. Скопје.
Сите лабораториски активности, по правило се изведуваат во постојаната локација Лабораторијата во Скопје на Ул. 8 бр.38 с. Батинци. Исклучок од ова правило се однесува за локацијата во Тетово каде се извршуваат испитувања на бетонски пробни тела според акредитирани методи на тестирање.
Лабораторијата за демонстрирање на компетентноста и валидноста на резултатите од лабораториските активноси располага со сите неопходни човечки, технички, организациски физички и др. ресурси .
Лабораторијата пропишала политика и цели (види политика на квалитет и политика на непристрасност) за спроведување на лабораториските активности, со јасна определбата на принципите за непристрасност, независност и заштита на доверливоста според барањата на управата, заинтересираните страни и стандардите, и постојаната заложба за спроведување, ефикасно одржување и подобрување на документираниот системот за управување според барањата на МКС EN ISO / IEC 17025: 2018 .
Лабораторијата за демонстрирање на компетентноста и валидноста на резултатите од лабораториските активноси располага со сите неопходни човечки, технички, организациски физички и др. ресурси .
Лабораторијата извршува испитувања на физичко-хемиски и физичко-механички особини на градежни материјали.
                                    Лабораторијата за испитување на градежни материјали одржува и применува  систем за управување со квалитет кој  ги задоволува барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018
                                    Лабораторијата за испитување на градежни материјали-ЛТ 007 согласно потребите и можностите има извршено акредитирање на 107 методи за испитување  од областа на градежни материјали и производи.
                                    Опсегот  на акредитација на лабораторијата  е презентиран во Прилогот кон Сертификатот на акредитација издаден од страна на ИАРСМ за  ЛТ – 007 Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии “Скопје” АД Скопје
                                
- Методи за испитување на цемент и ѕидарски цемент
 - Mетоди за испитување на бетон
 - Mетоди за испитување на бетонски префабрикати
 - Методи на испитување на мостови и конструкции
 - Mетоди за испитување на камен , агрегати и филер
 - Методи за испитување на битуменски мешавини (асфалти)
 - Методи за испитување на битумен и битуменски врзива
 - Методи за испитување од геотехника и геомеханика (лабороториски и теренски испитувања)
 - Методи за испитување на хидроизолациони ленти
 - Методи на испитување на материјали за обележување на патишта
 - Методи за испитување на летечки пепел
 - Методи за испитување на адитиви за бетон, малтери, лепила , бои и лакови
 - Методи за испитување на ѕидарски единици
 - Методи за испитување на топлинско - изолациски производи за примена во згради
 
Лабораторијата на барање на корисниците има можност да извршува испитувања на многу други методи за тестирање кои се од дејноста на работење а не се во опсегот на акредитација (за што корисниците се информирани а методите се јасно и недвосмислено одбележани) а за кои поседува компетентен персонал и соодветен простор и опрема.
За барање на давање изјава на сообразност Клиентот е Информиран за правилото на одлучување на ,,ЗИМ’’ Лабораторијата. Доколку не се изјасни клиентот во барањето понуда за испитувања – ЗИМ Скопје АД Скопје го задржува правото тоа да го смета дека клиентот НЕ сака да добие изјава за сообразност.