• info@zimad.com.mk Пон-Пет 07:30 - 15:30
project-image

ЗИМСЕРТ како независна организациона целина при Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „СКОПЈЕ“ АД - Скопје. Од 16.08.2017 год. е акредитирано сертификационото тело од страна на Институтот за Aкредитација на Република Македонија.

Сертификационото тело ЗИМСЕРТ врши оцена на сообразност и издава:Сертификат за постојаност на својствата и Сертификат за сообразност на контролата на фабричкото производство за следните производи од опсегот на акредитација:

  • Цемент
  • Ѕидарски цемент
  • Агрегати за бетон
  • Агрегати за битуменски мешавини и површински обработки за патишта, аеродроми и други сообраќајни површини
  • Агрегати за неврзани и за хидраулични врзани материјали, кои се користат во градежништвото и во изградбата на патишта
  • Ѕидарски малтер и сродни производи
  • Бетони (нехармонизирано подрачје)