Поддржано од „Фонд за Иновации и Технолошки Развој“
Истражување и практична примена на Електрофилтерската пепел /ЕФП/ од термоелектраната РЕК Битола во стабилизација на природни почвени материјали при изградба на патишта, како и на дробени камени материјали за стабилизирани носиви слоеви на коловозните конструкции, со што ќе се реши складирањето и не користењето на огромни количини на ЕФП, кои меѓу другото се причинители на серија заболувања од полесни до потешки во опфатот на општина Битола, истовремено заштедувајќи цемент.
Со решен пример за проектно решение на носечки слој од комплексно стабилизиран материјал (КЅМ) со електрофилтерска пепел /ЕФП/ од термоелектраната на РЕК „Битола“ ќе се докаже во лабораториски услови неговата техничка, економска и еколошка предност над стандардизиран и скап носечки слој изработен од стабилизација со Портланд цемент.
Овој проект со неговиот иновативен пристап при производството на носиви слоеви на коловозни конструкции за целокупната патна мрежа низ Република Северна Македонија во долгорочен период ќе придонесе кон драстично намалување на складираните количини на пепел во РЕК Битола, нивно вградување-искористување во друг материјал притоа намалувајќи ги трошоците за производство на носиви коловозни слоеви /заштеда во цемент/, но и штитејќи ја животна средина двократно – со намалување на производството на цемент, и отстранувајќи го складираниот пепел од територијата на општина Битола.
Времетраење на проектот 24 месеци.
Вкупна вредност на проектот е 6.150.000 ден.