Телото за сертификација на производи ЗИМСЕРТ при Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии "Скопје" АД – Скопје е акредитирано од страна на Институтот за акредитација на Р. Македонија (Сертификат за акредитација бр. СТ-012), врз основа на што од страна на Министерството за економија со Решение бр.18 - 443, извршено е именување на тело за оцена и потврда на постојаност на својства на градежни производи.
Акредитираното и именувано сертификационо тело ЗИМСЕРТ спроведува активности за Сертификација на производи за системи на оцена и потврда на постојаност на својства ОППС (AVCP)- 1+ : Цемент и Ѕидарски цемент и
Сертификација на процеси за ОППС (AVCP)-2+: Агрегати за бетон, Агрегати за битуменски мешавини и површински обработки за патишта, аеродроми и други сообраќајни површини, Агрегати за неврзани и за хидраулични врзани материјали, кои се користат во градежништвото и во изградбата на патишта, Ѕидарски малтер и сродни производи, Битуменски мешавини (нехармонизирано подрачје)., и Бетони (нехармонизирано подрачје).,
Со пополнувањето на Пријавата, сертификационототело ЗИМСЕРТ, Ви ги нуди своите услуги во Подрачје на сертификација, почитувајќи го принципот на подеднаков третман кон сите клиенти/подносители на пријава.
На Клиентите / подносителите на пријава и на сите други заинтересирани страни кои се корисници на услугите на ЗИМСЕРТ, на писмено барање им се ставаат на располагање правилата за сертификација, и останати документи и информации од постапката на сертификација.
Документи
- Пријава за оцена и потврда на постојаноста на својствата на градежни производи (ОБ.СТ.01.1)
- Политика на квалитет на тело за сертификација на производи ЗИМСЕРТ (ЗИМ.ПО.00)
- Правила за сертификација (ЗИМ.СТ.02)
- Регистар за издадени Сертификати (ОБ.СТ.05.2)
- Образец за Приговори/Жалби (ОБ.СМК.4.8.1.1)
- Сертификат за акредитација (бр. СТ-012)
- Решение за именувано тело (бр.18-443)