ISO 9001:2008 - Систем за управување со квалитет
Цел на ISO 9001:2008 е обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услоги кои ги извршува нашата компанија. ISO 9001:2008 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:
- Определување на Политика за квалитет
- Дефинирање на одговорности и овластувања во Организацијата
- Дефинирање на Цели за квалитет
- Планирање и обезбедување на ресурси
- Реализирање на барања на Корисниците на услуги
- Мерење, анализа и подобрување на услугите
За конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар не е доволен само квалите, потребен е меѓународно признат доказ за квалитет како што е сертификатот за квалитет ISO 9001:2008. Придобивки од стандардот ISO 9001:2008
- исполнување на барањата на Корисниците на услуги
- ефикасно работење (загубите, неуспесите се сведуваат на минимум)
- поголема одговорност и свест на вработените
- вреднување и документирање на работните задачи
- способност за натпревар на иста основа
- можност за освојување на нови пазари
- подобро искористување на времето и ресурсите
- подобра идентификација на услугата
- зголемен профит
- континуирано унапредување на квалитетот и ефиканоста
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
ISO 14001:2004- Систем за управување со животна средина
Целта на ISO 140001:2004е управување со влијанијата врз животната средина, кои се создаваат при реализација на работните процеси. Со имплементација на ISO 140001:2004, се утврдува кои од работните процеси ја загадуваат животната средина, се идентификуваат реални цели и се превземаат мерки за остварување на целите за заштита на животната средина. Во нашата компанија спречувањето или намалувањето на влијанието врз животната средина се врши со примена на следните чекори:
- дефинирање на Политика за животна средина
- идентификација на аспектите врз животна средина
- вреднување на аспектите врз животната средина
- дефинирање на цели и програм за заштита на животната средина
- запознавање на вработените со аспектите на организацијата и начините за нивно спречување или намалување
- контрола над операции кои имаат влијание врз животна средина, како што се управуање со отпад и опасни материјали
- управување со вонредни состојби
Придобивки на нашата компанија од воведувањето на стандардот ISO 140001:2004
- унапреување на односите со јавните служби, службите за надзор на заштита на животната средина и локалните заедници
- рано препознавање на проблемите од областа на животната средина
- транспарентност на компанијата
- задоволување на законски прописи и други барања
- потврда за определба на компанијата кон заштита на животна средин
СЕРТИФИКАТИ