ЗИМСЕРТ

  Телото за сертификација на производи ЗИМСЕРТ при Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии "Скопје" АД – Скопје е акредитирано од страна на Институтот за акредитација на Р. Македонија (Сертификат за акредитација бр. СТ-012), врз основа на што од страна на Министерството за економија со Решение бр.18 -443, извршено е именување на тело за оцена и потврда на постојаност на својства на градежни производи.

  Акредитираното и именувано сертификационо тело ЗИМСЕРТ спроведува активности за   Сертификација на производи за системи на оцена и потврда на постојаност на својства ОППС (AVCP)- 1+ : Цемент и Ѕидарски цемент иСертификација на процеси за ОППС (AVCP)-2+: Агрегати за бетон, Агрегати за битуменски мешавини и површински обработки за патишта, аеродроми и други сообраќајни површини, Агрегати за неврзани и за хидраулични врзани материјали, кои се користат во градежништвото и во изградбата на патишта, Ѕидарски малтер и сродни производи, Битуменски мешавини  и Бетони (нехармонизирано подрачје).,

Со пополнувањето на Пријавата, сертификационототело ЗИМСЕРТ, Ви ги нуди своите услуги во Подрачје на сертификација, почитувајќи го принципот на подеднаков третман кон сите клиенти/подносители на пријава.

На Клиентите/подносителите на пријава и на сите други заинтересирани страни кои се корисници на услугите на ЗИМСЕРТ, на писмено барање им се ставаат на располагање правилата за сертификација, и останати документи и информации од постапката на сертификација.

Документи:


Подрачје на сертификација