ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
Својот деловен успех и понатамошниот развој ЗАВОДОТ го темели на квалитетот на производите и услугите, преку исполнување на барањата поставени од меѓународните стандарди ISO 9001:2000, ISO/IEC 17025:205 и EN 45011:1998.
Врвниот квалитет е карактеристика на сите наши активности.
Основни цели на оваа политика се:
- Планирање на сите активности со цел квалитетот на производите и услугите да бидат основ на нашиот препознатлив стил на работа и имиџ на пазарот
- Исполнување на барања, потреби и очекувања поставени од страна на корисниците е прв деловен приоритет во сите наши активности
- Постигнување на врвен квалитет и доверливост на нашите проектни решенија, стручни наоди, експертизи и резултати од лабораториски испитувања на квалитетот на производот, со примена на определени законски прописи и стандарди
- Обезбедување и постојано унапредување на квалитетот и ефикасноста, темелно врз одговорностите кои ги имаат сите функции и секој поединец вработен за дејностите кои ги обавува, без можност за пренесување на одговорноста на друг
- Воспоставување на добри деловни односи со корисници е основен принцип на целата организациона структура
- Реализација на деловни и истражувачки активности со потполна примена на оваа политика, реализација на поставени цели на квалитетот, според процедурите и упатствата дадени од страна на системот за управување со квалитет
- Квалитет на производи и услуги кој во потполност ги исполнуваат барањата на корисникот
- Постојана обука и усовршување на сите вработени со цел на постигнување нова култура на квалитетот и свест за значењето на зачувувањето на животната средина и заштита на здравјето и безбедноста на работното место
- Мотивација на сите вработени да остваруваат соработка, доверба и припадност кон ЗАВОДОТ, со цел активирање на своите творечки потенцијали
- Потполно информирање на вработените и нашите корисници, кооперанти и испорачатели за нашите цели на квалитетот, плановите и непосредните активности
- Унапредување на квалитетот на испорачателите и кооперантите и воспоставување на партнерски односи со нив
- Постојано подобрување на вкупните резултати на работењето со намалување на трошоците на работата и зголемување на продуктивноста
Низ тежнеењето својата работа да ја извршат добро прв пат, на време и секој пат, сите вработени во ЗАВОДОТ ќе го дадат својот придонес во спроведувањето на оваа политика.