Технички преглед на објекти

Во согласност со Законот за градење, ЗАВОДОТ е овластен да состави комисија за вршење на Технички преглед на објекти.

2. Технички преглед

Член 89

(1) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон е должен по приемот набарањето за издавање на одобрение за употреба да изврши технички преглед на градбата.

(2) Во случај на непотполно барање надлежниот орган е должен во рок од седум дена од приемот на барањето да побара дополнување.

(3) Техничкиот преглед на градбата го врши комисија во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на потполно барање. Комисијата е составена од најмалку три члена и нивни заменици, со овластување за надзорен инженер издадено согласно со овој закон, во зависност од категоријата на градбата на која се врши технички преглед, а за електронските комуникациски мрежи и средства, потребно е во комисијата да има најмалку два члена од Агенцијата за електронски комуникации.

(4) Комисијата за технички преглед на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(5) За градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон, техничкиотпреглед го врши надзорниот инженер за што изготвува извештај за извршентехнички преглед. Извештајот се доставува до општината каде што е изграденобјектот заедно со геодетски елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности согласно со пресметката од членот 59 став (15) на овој закон.

(6) За градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 не се врши технички преглед а изведувачот е должен да даде изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба. Изјавата со која се потврдува дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба се доставува до општината каде што е изграден објектот заедно со геодетски елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности согласно пресметката од член 59 став (15) на овој закон.

Член 90

(1) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон го организира техничкиотпреглед и ги известува учесниците во изградбата за местото, денот и часот навршењето на техничкиот преглед.

(2) Комисијата што врши технички преглед за својата работа составува записник во кој констатира дали:

- дали градбата е изградена согласно основниот проект или проектот на изведена состојба и одобрението за градење,

- градбата е со фасада и може да се употребува,

- има одредени недостатоци кои мораат да бидат отстранети за да може да сеиздаде одобрение за употреба и

- има недостатоци кои ги нарушуваат основните барања на градбата кои сеоднесуваат на механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита и ќепредложи за таа градба да не се издаде одобрение за употреба.

(3) Надзорниот инженер кој врши технички преглед за градбите од вторакатегорија од членот 57 на овој закон, воизвештајот за извршен техничкипреглед констатира дали градбата е изградена согласно основниот проект илипроектот на изведена состојба и одобрението за градење, дали градбата е софасада и може да се употребува, дали има одредени недостатоци кои мора дабидат отстранети и дали има одредени недостатоци кои ги нарушуваат oсновните барања на  градбата кои се однесуваат на механичката отпорност, стабилност исеизмичка заштита поради кои градбата не може да се стави во употреба.

Член 91

Изведувачот е должен на денот на одржување на техничкиот преглед, накомисијата од член 89 од овој закон односно на надзорниот инженер кој треба даизврши технички преглед да ја даде на увид целокупната документацијанаведена во членот 86 на овој закон.

Член 92

(1) Инвеститорот е должен на своја сметка да ги надомести трошоците заизвршување на техничкиот преглед.

(2) Начинот на вршење на техничкиот преглед го пропишува министерот којраководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите одобласта на уредувањето на просторот.

(3) Висината на трошоците за техничкиот преглед од ставот (1) на овој член напредлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен завршење на работите од областа на уредувањето на просторот ја пропишуваВладата на Република Македонија.