Вршење на стручен квантитативен и квалитативен надзор за потребите на разни Инвеститори согласно Изводот од регистрација на дејноста на УСКИМ ЗИМРАНТ - Скопје.
Надзорен орган претставува компетентна стручна институција или група на стручњаци и друг персонал од институцијата ангажирана од страна на Инвеститорот да му пружа било која и сите услуги според условите на Договорот.
Надзорен орган работи на:
- перманентен и сеопфатен надзор на изведување на работите на изградбата се до нивното комплетно завршување и отстранување на недостатоците на работите
- соработува и ги почитува препораките на консултантот во техничката контрола на изведувањето на работите на изградба, измените, замените и дополнувањата на проектната документација за работите
- разрешување на сите спорни работи кои , од стручна гледна точка се однесуваат на работите на изградба
- му помага на инвеститорот при администратирањето на Договорот ако има такви финансиски овластувања какви што, според условите на Договорот, му се пренесени од Инвеститорот
- согласно задолженијата за кои е овластен го консултира Инвеститорот и Консултантот и добива копии за комуникациите меѓу Инвеститорот, Изведувачот и Консултантот.
Работата на Надзорниот орган, покрај останатото го вклучува и следното:
- прифаќање на целокупната Програма за изведување на работите
- пратење на напредокот на изведување на работите преку подготвување дијаграми на крајот на секој месец и споредба на планираниот со вистински остварениот напредок
- вршење инспекција на работите на градилиште, секогаш кога е потребно, за да се провери и утврди квалитетот и квантитетот на изведените работи на Изведувачот
- по потреба, вршење инспекција и испитување на сите материјали и производи, предвидени за вградување во работите, во согласност со Техничките услови, прифатената меѓународна пракса и македонски и европски стандарди од областа на изградбата на инвестициони објекти
- да му предлага на Инвеститорот такви промени во Проектната документација и Техничките услови кои што може да се покажат потребни или пожелни во текот на изградбата, како и да ги изработи потребните ревидирани делови на Проектната документација и Техничките услови за сите промени кои Инвеститорот ќе ги одобри
- препораки до Инвеститорот за можни начини на смалување на трошоците на работите на изградбата и да бара од Иведувачот да превзема соодветни мерки за подобрување на напредокот на работите
- во писмена форма или преку Градежниот дневник да му ги дава сите потребни упатства на Изведувачот, во согласност со условите од Договорот
- му дава препораки на Инвеститорот за прием или одбивање на работите на изградба или било кој дел оти тие работи изведени од страна на изведувачот, во согласност со уловите на Договорот
- по потреба му дава упатства на Изведувачот за сите теренски испитувања, вклучувајки ги успитувањата од пробно натоварување, регуистрациите на резултатите од испитувањара, сниманањата на таквите испитувања
- по завршување на работите на изградба да соработува во организирањето, да ги подготви сите потребни извештаи и документација и да го организира Техничкиот преглед на градилиштето, и да соработува при издавање на Потврда за примопредавање