Сертификати

Сертификат за акредитација на лабораторија за тестирање

Sertifikat akreditacija lt-007 2016

    ISO 9001:2008 - Систем за управување со квалитет

CERT ISO 9001 INSTITUT SKOPJE 2015mk

CERT ISO 9001 INSTITUT SKOPJE 2015en

Цел на ISO 9001:2008 е обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услоги кои ги извршува нашата компанија. ISO 9001:2008 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:

  • Определување на Политика за квалитет
  • Дефинирање на одговорности и овластувања во Организацијата
  • Дефинирање на Цели за квалитет
  • Планирање и обезбедување на ресурси
  • Реализирање на барања на Корисниците на услуги
  • Мерење, анализа и подобрување на услугите

За конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар не е доволен само квалите, потребен е меѓународно признат доказ за квалитет како што е сертификатот за квалитет ISO 9001:2008. Придобивки од стандардот ISO 9001:2008

  • исполнување на барањата на Корисниците на услуги
  • ефикасно работење (загубите, неуспесите се сведуваат на минимум)
  • поголема одговорност и свест на вработените
  • вреднување и документирање на работните задачи
  • способност за натпревар на иста основа
  • можност за освојување на нови пазари
  • подобро искористување на времето и ресурсите
  • подобра идентификација на услугата
  • зголемен профит
  • континуирано унапредување на квалитетот и ефиканоста

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

ISO 14001:2004- Систем за управување со животна средина

CERT ISO 14001 INSTITUT SKOPJE 2015mk

CERT ISO 14001 INSTITUT SKOPJE 2015en

Целта на ISO 140001:2004е управување со влијанијата врз животната средина, кои се создаваат при реализација на работните процеси. Со имплементација на ISO 140001:2004, се утврдува кои од работните процеси ја загадуваат животната средина, се идентификуваат реални цели и се превземаат мерки за остварување на целите за заштита на животната средина. Во нашата компанија спречувањето или намалувањето на влијанието врз животната средина се врши со примена на следните чекори:

  • дефинирање на Политика за животна средина
  • идентификација на аспектите врз животна средина
  • вреднување на аспектите врз животната средина
  • дефинирање на цели и програм за заштита на животната средина
  • запознавање на вработените со аспектите на организацијата и начините за нивно спречување или намалување
  • контрола над операции кои имаат влијание врз животна средина, како што се управуање со отпад и опасни материјали
  • управување со вонредни состојби

Придобивки на нашата компанија од воведувањето на стандардот ISO 140001:2004

  • унапреување на односите со јавните служби, службите за надзор на заштита на животната средина и локалните заедници
  • рано препознавање на проблемите од областа на животната средина
  • транспарентност на компанијата
  • задоволување на законски прописи и други барања
  • потврда за определба на компанијата кон заштита на животна средина

 

ИЗЈАВА ЗА ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

OHSAS 18001 2015MK