Оцена на сообразност за битуменски мешавини согласно барањата на МКС EN стандардите и законот за градежни производи

На ден 21.02.2019 год. одржано е едукативен настан на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти при Стопанската комора на Македонија.
Присутни на едукативниот настан беа голем број на претставници на градежни компании, претставници на лаборатории за контрола на квалитет на градежните материјали, професори од областа на градежништво од Градежниот Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ Скопје, и претставници од Јавниот сектор.
Освен другите предавачи исто така обраќање на темата имаше и раководителот за квалитет Лилјана Силјаноска дипл.инж.техн. каде во своето излагање даде детален осврт на обврските на производителите при спроведување на контролата на фабричко производство за битуменските мешавини (нарекувани како асфалтни мешавини т.н. асфалти) во однос на системот на оценка и проверка на постојаност на својства за битуменски мешавини под AVCP систем 2+ (без барања за отпорност на оган).