Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии "Скопје" располага со целокупна опрема за испитување на каракеристиките на материјалите кои се вградуваат во градежните објекти, како и опрема за теренски испитувања:

  • Камен, агрегат за производство на бетон и бетон

Во лабораторијата Заводот располага со целокупната потребна опрема за земање примероци, нега и испитување на пробни бетонски тела, како и со опрема за дополнително утврдување на јакоста на вградениот бетон.

Како основна опрема пропишана со стандардите, лабораторијата располага со:

  • Автоматска електрична бетономешалка,
  • Вибрационен стол,
  • Вага од 100 кг,
  • Вага од 50 кг,
  • Вага од 10 кг,
  • Дигитални ваги од 1000гр,
  • Хидраулична преса за определување цврстина на притисок на "Амслер" до 200т,
  • Хидраулична преса за определување цврстина на притисок на "Амслер" до 50т,
  • Хидраулична преса за определување цврстина на притисок на "Амслер" до 30т,
  • Преса за определување цврстина на притисок на призми (Мицхаелис-ова вага),
  • Автоклав од 2300 кРа,
  • Голем број на стандардни калапи 20/20/20;15/15/15;10/10/10;7/7/7;10/12/40,
  • Порозиметар за определување на пори во бетонот од 1л,
  • Порозиметар за определување на пори во бетонот,
  • Климатизирана просторија за константно одржување на влага и температура за нега на пробни тела (влажна комора),
  • Апарат за мерење деформации (собирање и ширење на бетонски призми),
  • Базени за оддржување на пробни тела во водозаситена состојба,
  • Влажна комора,
  • Фрижидери за испитување на пробни тела на отпорност на мраз,
  • Електрични печки до 1500С (сушари),
  • Електрични решоа,
  • Комплет гарнитура сита за утврдување на гранулометрија на агрегатот за бетон,
  • Екстензометар за определување на течење на бетонот,
  • Апарат за определување отпорност на абење,
  • Апарат за определување отпорност на дробење "Лос Ангелес",
  • Апарат за определување отпорност на жилавост,
  • ВДП - апарат за определување водопропусност на пробни тела,
  • Машина за вадење цилиндри (кернови),
  • Машина за сечење и обликување на камен и обработка на кернови,
  • Склерометар (аналоген и дигитален) и
  • Целокупна ситна лабораториска опрема пропишана со стандардите.

Асфалт

Лабораторијата е опремена со Маршалова преса, набивач, ваги, хидростатичка вага, електрична центрифуга, кидалица за испитување на прионливост на хидроизолации, апарат за испитување на пенетрација, точка на размекнување по ПК, точка на лом по Фрас, дуктилометар, вискозиметар, гарнитуре сита, како и останатата ситна неопходна опрема (термометри, пикнометри и стакларија)/. Набавена е нова дигитална маршалова преса Цонтролс, заедно со потребниот софтвер.


Геомеханички испитувања

Лабораторијата е опремена со опрема за испитување на влажност, маса, специфична тежина, Атербергови граници, едометарски испитувања, ЦБР итн. како и со апарати за испитување на директно смолкнување и пенетрационо сондирање. Освен наведената опрема Заводот располага и со опрема за теренски испитувања (теренски дупчалки и друга потребна пропратна опрема за извршување на ваков вид на работи), како и најсовремени компјутерски програми за обработка на податоците.


Арматура

Лабораторијата е опремена со хидраулични кидалици од 300 и 500 кН за испитување на арматура, шарпиево клатно, апарат за испитување на тврдина по Бринел-Викерс, апарат за испитување на свиткување итн.


Хемиска Лабораторија

Хемиската лабораторија е опремена со комплетната опрема за испитување на градежни материјали согласно Македонските Стандарди. Поради обемноста на списокот на опремата, истиот е невозможно само илустративно да се наведе. Хемиската лабораторија е вклучена во испитувачките процеси на сите горенаведени лаборатории.


Компјутерска опрема

Од компјутерска опрема за вршење на проектирање и ривизија на проекти, Заводот располага со голем број персонални компјутери со печатари, плотер А0 формат ХП 350 Ц1 /Хењлетт Пацкард/, скенери А4 опремени со софтвер за дигитализација на карти итн.

Поседувањето на голем број на персонални компјутери опремени со наменски софтвер за проектирање / Струцтурал Аналѕсис Программе (САП2000),Хѕдра, Цаналис, Траса, Платеа и АутоЦАД/ а кои се наменети за ефикасно и прецизно пресметување на сите параметри на сите видови на градежни конструкции, стабилност на косини, линиски објекти /водоводи и цевоводи/, како и едноставно и ефикасно исцртување на сите видови на основи и попречни профили овозможува навремено и ефикасно проектирање на сите типови на проекти.


Од аспект на транспортни средства /возила/ Заводот располага со 20 /дваесет/ возила и едно полутоварно возило за превоз на опрема /пикап/.