Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје" а.д Скопје oд Скопје, Македонија е само-финансирачка консултантско-инженерска компанија основана во 1956, која обезбедува комплетен дијапазон на консултантски и инженерски услуги, проектантски услуги и проектен менаџмент, како и испитување на материјали и сертификација за квалитет на производи во градежната индустрија, не само во Р. Македонија туку и во регионот.

Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје" а.д Скопје е независно регистриран согласно сите формални барања во легислативата како само-финансирачка компанија и на никој начин не зависи од буџетот на Република Македонија.

Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје" а.д Скопје има долгорочен договор со Универзитетот и често ангажира универзитетски професори како експерти со договор на определено време во сите релевантни проекти доколку/кога тоа е потребно, што претставува една од главните придобивки при евентуална соработка.

Високо-стручниот персонал е обучен за изведува секакви лабораториски испитувања, како и проектни и инженерски услуги.