ЗИМ СКОПЈЕ АД Скопје поседува Лиценца А за вршење на надзор на градби од прва категорија, издадена од страна на Мнистерство за Транспорт и Врски на РМ.

Стручниот тим на надзорни инженери на ЗИМ СКОПЈЕ АД Скопје има долгогодишно искуство во вршење на следните активности:

  • Контрола на квалитет и квантитет на изведените работи согласно техничката документација;
  • Контрола дали работите се извршени според важечките технички прописи, нормативи и задолжителните стандарди;
  • Давање на објаснување, напатствија, како и препораки за целокупната Проектна документација;
  • Контрола на квалитет на вградените материјали и опрема предвидени со Проектот, и одобрување на истите;
  • Следење на напредокот на изведување на работите согласно динамичкиот план и навремено информирање на Инвеститорот со цел да се избегнува доцнење на работите;
  • Контрола, преглед и заверка на градежен дневник, градежна книга и времени ситуации, како и финансиско следење на реализацијата на Проектот;
  • Подготовка на потребни извештаи и целокупна документација за технички преглед;