Лабораторија за испитување на градежни материјали претставува дефиниран дел на правниот субјект Завод за испитување на материјали и равој на нови технологии „Скопје“ А.Д. Скопје.

Сите лабораториски активности, по правило се изведуваат во постојаната локација Лабораторијата во Скопје на ул. Живко Чинго 16. Исклучок од ова правило се однесува за локацијата во Тетово каде се извршуваат испитувања на бетонски пробни тела според акредитирани методи на тестирање.

Лабораторијата за испитување на градежни материјали-ЛТ 007 од 24.12.2008 год. е првото Акредитирано тело за тестирање на градежни материјали од страна на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија-ИАРСМ, компетентена за извршување на лабораториски активности согласно барањата од стандардот МКС EN ISO /IEC 17025:2018.

Лабораторијата за демонстрирање на компетентноста и валидноста на резултатите од лабораториските активноси располага со сите неопходни човечки, технички, организациски физички и др. ресурси .

Лабораторијата пропишала политика и цели (види политика на квалитет и политика на непристрасност) за спроведување на лабораториските активности, со јасна определбата на принципите за непристрасност, независност и заштита на доверливоста според барањата на управата, заинтересираните страни и стандардите, и постојаната заложба за спроведување, ефикасно одржување и подобрување на документираниот системот за управување според барањата на МКС EN ISO / IEC 17025: 2018 .

Лабораторијата за демонстрирање на компетентноста и валидноста на резултатите од лабораториските активноси располага со сите неопходни човечки, технички, организациски физички и др. ресурси .

Лабораторијата извршува испитувања на хемиски, физичко-хемиски и физичко-механички особини на градежни материјали во склоп на своите две одделенија:

  • Одделение за испитување на хемиски особини и
  • Одделение за испитување на физичко-механички и физичко-хемиски особини

Лабораторијата за испитување на градежни материјали-ЛТ 007 согласно потребите и можностите има извршено акредитирање на 107 методи за испитување и тоа: (види Опсег на акредитација на лабораторијата презентиран во Прилогот кон Сертификатот на акредитација издаден од страна на ИАРСМ)

  • Методи за испитување на цемент и ѕидарски цемент
  • Mетоди за испитување на бетон
  • Mетоди за испитување на бетонски префабрикати
  • Методи на испитување на мостови и конструкции
  • Mетоди за испитување на камен , агрегати и филер
  • Методи за испитување на битуменски мешавини (асфалти)
  • Методи за испитување на битумен и битуменски врзива
  • Методи за испитување од геотехника и геомеханика (лабороториски и теренски испитувања)
  • Методи за испитување на хидроизолациони ленти
  • Методи на испитување на материјали за обележување на патишта
  • Методи за испитување на летечки пепел
  • Методи за испитување вода
  • Методи за испитување на адитиви за бетон, малтери, лепила , бои и лакови
  • Методи за испитување на ѕидарски единици
  • Методи за испитување на топлинско - изолациски производи за примена во згради

Лабораторијата на барање на корисниците има можност да извршува испитувања на многу други методи за тестирање кои се од дејноста на работење а не се во опсегот на акредитација (за што корисниците се информирани а методите се јасно и недвосмислено одбележани) а за кои поседува компетентен персонал и соодветен простор и опрема.