Институтот за материјали преставува спрега помеѓу организацијата и Лабораторијата за испитување на градежни материјали со што не се загрозува незавивноста и непристрасноста на лабораторијата.

Управувањето на организацијата се спроведува со почитување на сите релевантни прописи и законски барања преку документиран систем за управување со зацртаната политика и цели кои овозможуват сите активности на организацијата/Институтот да бидат заштитени и доверливи.

Преку Институтот за материјали се врши кординање помеѓу менаџментот и лабораторијата, се извршуваат активностите кои се заеднички на ниво на организацијата и се однесува на соработка со раководството на лабораторија, кординирање и реализирање на постапките за договарање, подготвување на понуди и договори, преиспитување и склучувaње на дoговори сo корисници, постaпкaтa за надворешно обезбедени услуги, контролирање на активностите и мерките за време на решавање на приговори и несообразности и контрола и преиспитување на реализирањето на договорената работа.

Институтот за материјали преку лабораторијата извршува научно-истражувачки активности за примена на нови материјали и технологии во градежништвото кои се се одвиваат во соработка со државни агенции и фондови, но и приватни инвеститори.

Одговорностите и овластувањата на лабораторијата се однесуваат на сите активности од технички аспект кои се на ниво на лабораторија и се пропишани со документите од системот за управување на лабораторијата.

Лабораторијата извршува голем број на тестирања според акредитирани методи (види ЛАБОРАТОРИЈА).