Услугите кои ги извршува Институтот за капитални објекти  како самостојна единка во рамките на Заводот вклучуваат: одржување и управување со патишта; проектирање и сигнализација; стручен надзор; хидротехника; екологија; аеродроми; телекомуникации; изградба на објекти; санација и др., сертификација; метрологија; тендери и тендерска документација; инжењерски конструкции; сеизмика; градежна физика; противпожарно инженерство; техничка контрола, ревизиии, студии и експертизи; иновации и патенти, и други активности.

Целта на активностите е квалитативната и квантитативната контрола на изведбата на општествените, станбените и индустриските објекти, патиштат, мостовите и други објекти од нискоградбата, високоградбата и хидроградбата која се одвива преку изработка на месечни извештаи, елаборати, проекти, ревизии, техничка документација (градежен дневник, градежна  книга, дописи и записници)  и др. 

При извршување на активностите кои се во надлежност на  Институтот, а кои се директно поврзани со Надзор односно контрола на објекти и патишта, често се јавува итна потреба од теренско мострирање или испитување.  Во таков случај, ако се работи за мострирање истото може да се изврши и од страна на персоналот за надзор/контрола  согласно барањата на стандардите и мострата да се предаде во Лабораторијата за градежни материјали и понатака се применуваат важечките процедури и упатства. До колку се работи за некое испитување за проекти кои се во надлежност на другите Институти,  а треба да се извршат со опрема или кадар од Институтот за материјали (Лабораторијата за градежни материјали/Лабораторијата за калибрација на мерила за сила и тврдина), тогаш по претходен договор меѓу Раководителите на Институтите и Програма (план) за работа се дефинираат условите, начинот и персоналот кој ќе го изврши испитувањето при што мора да се запазат важечките процедури и упатства.