Иновации и патенти

Основни активности на овој сектор се:

  • развој на иновации,
  • пласирање на иновации,
  • контакт со фирми (домашни и странски) како потенцијална можност за пласман на иноваците,
  • пласирање на патенти и пронаоѓачи кои не се вработени во УСКИМ ЗИМРАНТ - Скопје,
  • контакт со бирото за заштита на индустриската сопственост,
  • контакт со сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на македонија,
  • присуство на изложби и саеми на иновации со сопствени иновации,
  • учество на семинари од областа на патенти, иновации и заштита на индустриската сопственост,
  • проучување на постоечки странски патенти,
  • 7-ма рамковна програма,
  • воведување на роботика во градежништвото и градежната индустрија.


Појаснувања:

  • Запознавање и потикнување на вработените во УСКИМ ЗИМРАТ - Скопје за можноста за развој на нови технологии и иновации. иновацијата може да биде независна или да е резултат од постоечката работа и истражувања. Потребно е да се изработи концепт со кој ќе му се овозможи на секој вработен кој има можност да даде придонес во оваа област.
  • Главната цел на овој сектор ќе биде пласманот на иновациите. Пласманот ќе биде насоченкон издавање на лиценца за користење на иновацијата (патентот) или негова комплетна продажба,
  • за пласманот на иновациите - патнтите потребно е да се остварат контакти со разни фирми и компании, како домашни така и странски, се со цел отварање можност за пласман на иновациите,
  • поаѓајки од тоа дека "Добриот пронаоѓач не секогаш е и добар менаџер" ќе се разгледа можноста да се излезе во пресрет на македонските пронаоѓачи, да се разгледаат пронајдоци и патенти и добивајки ја нивната согласност да се бара начин за пласман, со што и УСКИМ ЗИМРАТ - Скопје би имал добивка од истото.
  • како еден од поважните контакти е контактот со "Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувањана Македонија" како здружение кое ги анимира пронаоѓачите и е фактор во областа на пронаоѓаштвото во Република Македонија.
  • за да се приберат информациитеза сите потребни услови за заштита на иновациите треба да се контактира со овластена институција како што е "Бирото за заштита на индустриската сопственост".
  • сите иновации кои потекнуваат од УСКИМ ЗИМРАТ ќе се настојува да се презентираат на домашни и меѓународни саеме и изложби за иновации, пронајдоции и нови технолошки достигнувања. Со тоа Заводот ќе добие углед, а со тоа и можност полесно да се најде пласман за иновациите.
  • Присуство на семинари е еден од начините да се биде во тек со регулативите за заштита на индустриската сопственост.
  • Како патоказ за општиот технолошки развој може да биде големата база на податоци која постои на ИНТЕРНЕТ и која бесплатно може да са користи. Проучувањето на оваа база може да даде информација за тоа до каде во одредена област се стигнати истражувањата, развојот на новитетите. Од истото може да се дојде до сознание на кои полиња од истражувањето може да се даде придонес за да се биде во тренд со новите технолошки достигнувања, а исто тоа преку иновации и патенти кои би се пласирале во заводот.
  • Европската унија има пласирано рамковна програма од областа на истражувањето која трае од 2002 до 2006. Можност за учество во оваа истражувачка работа има и нашиот Завод. Секторот "Иновации и патенти" ќе има задача детално да ги проучи можностите за вклучување во оваа програма.
  • За усовршување и димензионирање на производството на градежни материјали на одредени технолошки места ќе се предлага замена на човекот како фактор во работата.