Геотехника и геомеханика

Геотехнички набљудувања

Вршиме пратење на објектите со посебна намена:

  • хидроенергетски објекти
  • високи земјани брани
  • други објекти со посебна намена

Вршиме постојани прегледи и мерења

  • геодетски мерења на вертикални и хоризонтални поместувања, мерења за делувањето на дилатациите и наклоните на констукциите
  • визуелни прегледи на земјани и бетонски брани
  • мерења на наклони со падометри
  • геолошко - геомеханички прегледи на косините
  • мерења на пиезометарскиот притисок како и утврдување на интензитетот на патот на филтрација под земја и утврдување на токот на водата
  • мерење на промената на водопропусноста на земјата

Ја оценуваме сигурноста и употребливоста на објектите со посебна намена

  • изработуваме предлози/ проекти/ за санација
  • вршиме надзор над изведбата на санационата програма

Инженерска геологија и механика на стени изработуваме:

  • геолошко - геотехнички истражувања на стени и трасата од тунели и други подземни објекти
  • одредување на геолошки состави на стени при ископи на тунели и други подземни објекти
  • мерења за проверка на стабилноста на подземни објекти во моментот на нивната изградба и експлоатација
  • истражувања за одредување на причините за настанати оштетувања на постојните подземни објекти

Изработуваме експертизи за решавање на проблемот со стабилноста на тунели и други подземни објекти.

Планирање и изведување на теренски и лабораториски испитувања за изградба на посебни подземни објекти.

Геотехника и сообраќајници

геомеханика и теренска геотехника

Извршуваме:

  • контрола на квалитет при изработка на земјани работи
  • експертска анализа за темелење и изведба на земјани работи
  • преглед на геомеханичка проектна документација

Ги координираме работите за контрола на квалитет при изградба на патишта

Геомеханичка лабораторија

Извршуваме стандардни и специјални лабораториски испитувања од подрачјето на механика на почва и геотехника на околината:

  • истраги за класификација на земја и камен
  • истраги за тврдина и деформациски карактеристики
  • истраги за водопропусност
  • истраги за оцена на употребливост на земјата и каменот за изградба на земјани објекти
  • истраги за својствата на материјалите вградени во земјаните објекти
  • истраги за алтернативни материјали за земјани објекти
  • истраги за хемиска стабилизација за земја и дробен камен

Изведуваме лабораториски и на лице место истраги за секундарни суровини и отпадни материјали со намена:

  • употреба на секундарни материјали, како пепел, згура и отпадна садра во земјани објекти
  • нацрти за простор за трајни одлагања
  • оптимални изработки за расположиви простори за депонии


Извршување лабораториски испитувања на композитите на вештачки материјали и земја

Утврдуваме нови испитувачки методи од областа на механика на почви.