Физичко-хемиски и физичко-механички особини

Лабораторијата за испитување на градежни материјали делува во склоп на Институтот за материјали при Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии "Скопје" АД Скопје. Во состав на Лабораторијата работат две одделенија: Одделение за испитувањена хемиски особини и Одделение за испитување на физичко механички и физичко-хемиски особини.
 
Во дејноста на Лабораторијата се вбројуваат следните активности:
  • Атестирање на компоненти за производство на бетон (цемент, агрегат, вода)
  • Испитување на градежни материјали (бетонско железо, бетонски блокови, сите видови на глинени производи, керамички плочки и др.)
  • Докажува на квалитетот на конструкциите во целина, на конструктивните елементи на конструкцијата, како и кавлитетот на материјалите од кои е направена истата;
  • Испитување за докажување на состојба на изведената конструкција или објект во целина;
  • Санација и зајакнување на постоечки конструкции;
  • Атестирање на компоненти за производство на сите видови асфалтни мешавини и БНС (агрегат, камено брашно, битумен, полимери и др.);
  • Припремање на рецептури за изработка на асфалтни мешавини и мешавини за посебен режим на сообраќај);
  • Геомеханички и геотехнички испитување за докажување на квалитет и квантитет на природни материјали;
  • Многу други испитувања и истражувања.