Асфалт, битумен и битуменски производи

Извршуваме:

  • испитување на својствата на произведената асфалтна мешавина и вградување на асфалтните слоеви, утврдување на квалитетот согласно барањата со стандардите и другите посебни технички барања и издавање потврда за квалитет;
  • испитување на својствата на битуменот, битуменските изолациони ленти и други битуменски производи при изградба на патиштата и разни индустриски намени, утврдување на квалитетот согласно барањата со стандарди и други посебни технички барања како и издавање на протврди за квалитет;
  • преглед на техничко-технолошката проектна документација за изведба на асфалтерски и хидроизолациони работи со битуменизирани материјали;

Истражување на својствата на асфалтот, битуменот, битуменскиот материјал и производи и воведување на нови методи на истражување. 

Покренување постапка за добивање Решение за овластување за: 

  • задолжително атестирање на хидроизолации со битуменски импрегирани материјали и битуменски ленти.